ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Расправа за измените во Законот за работни односи

Секој втор вработен во Македонија е со краток договор за работа на определено време. На мнозинството вработени не им се исплаќа додаток за искуство и стаж. Одредени работници дури се принудени да го вратат К-15 во компаниите каде што работат. Други добиваат плата за четвртина од дневницата што им следува при работа во недела. Им се крати правото за користење 22 работни дена годишен одмор. Ова се само дел од случувањата низ фирмите за кои алармира Сојузот на синдикати, а кои не се решени во пракса со воведувањето на последните измени во Законот за работни односи.

Advertisements

Барањето на синдикалците е договорите на определено време да не се обновуваат после секој месец за работниците да не се држат во неизвесност, туку тоа да се случува најмногу 3 пати за периодот што ќе се одреди. Синдикатите бараат една година, работодавачите бараат 3 години, додека Министерството за труд сака да најде средина, тоа да биде најмногу две години.

Според очекувањата, овие законски измени треба да ги поминат собраниските процедури напролет. Министерството останува на ставот дека ќе ги обединат сите барања на синдикалците и работодавачите за изнаоѓање стабилен компромис кој ќе биде правно обврзувачки.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button