ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Временска прогноза – Променливо облачно со јужен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер. Максималните температури ќе се движат од 6 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во главниот град ќе се искачи до 14 степени.

Advertisements

Според најавата на УХМР за утре се очекува врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.

Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во снег. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала, особено во сабота и во некои пониски места. До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button