ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хотелиерите најавуваат протести пред владата

Хотелиерите од охридско-струшкиот регион најавуваат протести пред Владата, ако останат без ветената државна помош во минимални плати за нивните вработени за октомври, ноември и декември. Нивните сметки засега остануваат празни затоа што државата бара да ги вратат назад на работа сезонските работници кои ги ангажирале за време на кратката сезона во август.

Advertisements

„..Ако не, ќе треба да се собираме и да одиме пред Влада, да протестираме. Друго немаме што да правиме. По трет пат денеска праќаме апел до Министерство за финансии, Министерство за економија, каде ние сме под нив како и Владата, уште еднаш да ги разгледаме условите кои се дадени за добивање на таа плата“, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Сезонските вработени сочинуваат само 10% од вкупниот број на вработени во хотелите, велат од ХОТАМ.

„Бараме тие вработени кои моментално ни прават пречка, да се изземат со нов некој закон или некоја мерка за да може да се изземат, тие да не постојат за ноември и декември“, рече Филип Мишевски- менаџер на хотели во Охрид.

Од Министерството за економија велат дека Законот за финансиска поддршка за исплата на плати е на Министерство за финансии и оти тие немале надлежност за оваа мерка. Од Министерството за финансии и покрај ветувањето дека денеска ќе добиеме одговор за овој проблем, одлучија засега да молчат и не одговорија на прашањата на Алсат.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button