Почнува второто полугодие, дојавувачите на лажни бомби не се пронајдени
Почнува второто полугодие, дојавувачите на лажни бомби не се пронајдени

Првото полугодие заврши со дојави за бомби, а на почетокот на второто нема гаранција дека заканите нема да се повторат. Експертите велат дека штетите што дојавите за бомби ги нанеле врз образованиот процес се големи а доколку не се преземат превентивни мерки можат да бидат уште поголеми.
„За време на празниците гледаме негрижа која е институционална, само чекаат што ќе се случи во иднина. Се надевам дека тоа што се случи во првото полугодие нема да се повтори, бидејќи знаеме какви се последиците, ако има прекини, дури и да се еднодневни, последиците се континуирани, зашто се формира хомогена група на млади луѓе кои посакуваат да има прекини за жал“, рече Сатки Исмаили – наставник.
Исмаили вели дека државата треба да се справува со причините, а не со последиците. Во таа насока, тој ја истакна важноста на медиумската едукација, како алатка која ќе ги освести младите за опасностите од заканите и лажните вести за поставени бомби.
„Секоја институција треба да си ја заврши работата, државата исто така треба да открие кои се актерите кои се вмешани во оваа дезинформација, ќе ги повикам затоа што се уште не се знае кој стои зад нив, но Министерството за образование треба исто така да преземе мерки, имајте на ум дека младите треба да се едуцираат во духот дека мала дезинформација, дури и ако е само лажна електронска пошта, им штети на образовните институции и на целото образование во Македонија“, додаде тој.
Од друга страна, иако постојано се зборуваше дека овие закани се дел од хибридната војна што Русија ја води во овој дел од светот, истражните институции во земјава се уште не успеале да ја откријат нивната генеза. До Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до сега се поднесени три кривични пријави.
„Под сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ е малолетник од Скопје, кој го признал ова дело. Исто така, за истото кривично дело се осомничени 15-годишник од Кавадарци и 63-годишник од Тетово, кои се јавиле во Секторот за внатрешни работи Делчево и лажно изјавиле дека поставиле бомби на различни локации во градот“, велат од Министерство за внатрешни работи.
Заканите почнаа на 26 ноември, прво дека се поставени во автобуси, па во две средни училишта, а потоа се проширија низ сите училишта во Скопје, предизвикувајќи чести прекини во образовниот процес, но и страв кај учениците и населението воопшто./Алсат.мк
Ардит Рамадани