ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во Скопско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

Службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, од Секторот за насилен криминал и од Единицата за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје, вчера го привеле И.Б.(57) од с.Копаница, Скопско, соопшти МВР.

Advertisements

По претходно добиена судска наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршиле претрес во домот на И.Б., при што пронашле еден пиштол „Стаер“ со две рамки и 61 куршуми калибар 9 мм. Од спроведената истрага утврдено е дека пиштолот потекнува од кражба извршена на 20.01.2023 во домот на М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.(25) од Струмица, кој на 23.01.2023 е лишен од слобода поради нејзино убиство и веќе издржува мерка притвор од 30 дена.

Во координација со Управата за извршување на санкции вчера во вечерните часови извршен е претрес и во КПУ Идризово каде се пронајдени дополнителни докази во врска со извршеното кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Од страна на СВР Скопје по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик до надлежното ОЈО Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button