
Граѓаните оваа зима се соочуваат со главоболки во однос на греењето во ладните зимски денови. Некои се греат на струја и парно, други комбинираат на дрва. Анкетираните граѓани од Алсат велат дека купиле доволно дрва, но со оглед на високите цени, греењето годинава многу ги чини. Цените варираат во зависност од плацот и времето кога се купени.
„Со дрва… Многу е скапо
Колку беше кубен метар?
6000 денари”, рече еден граѓанин.
„Со дрва не се греете“,рече еден друг.
„Помалку ама многу е скапо… 5000 денари за кубик“, изјави друг граѓанин.
Директорот на ЈП Национални шуми вели дека има доволно дрва за греење, а нивната цена е 4.200 денари за метар кубен.
Во споредба со претходната година, цената на дрвото е зголемена за 20 отсто, а цената на палетите во споредба со лани, е двојно зголемена./Алсат.мк
Ајнур Бафќари