Жителите на Визбегово велат дека живеат како во џунгла
Жителите на Визбегово велат дека живеат како во џунгла

Стотици жители на улица број 1 во Визбегово живеат како во средниот век. Немаат асфалт, патот е полн со кал и дупки, поради што не можат слободно да се движат ниту пеш, ниту со автомобили. Велат – улицата е ваква 30 години и никој не се грижи за нив.
“Кога одиме во град, ја носиме калта од тука до асфалтот. Ветувањата од партиите доаѓаа и си заминаа, а ние сме во ваква состојба веќе 30 години, никој не дојде барем со една количка песок да фрли”, рече еден жител.
На оваа улица живеат и некои лица со физички попречености. Членовите на нивните семејства се револтирани зашто поради немањето пат помошта и такси компаниите не можат брзо да влезат.
“Патот е катастрофален, не може да се живее, како во џунгла. Имам татко инвалид, таксито не доаѓа, јас не живеам овде, живеам надвор. Ова е срам за една држава, тотален срам“, рече еден друг жител.
„Патот е многу лош, немаме каде да одиме, ги праќаме децата на училиште преку кал, многу е лошо. Се јавивме неколку пати и нема кој да ни одговори. Овде во Визбегово, многу од нашите куќи се без пат, со години нема пат. Нè оставија вака, од долу до горе, вака е. Нема живот, немаме каде“, додаде друг.
За проблемите поврзани со патот жителите веќе неколку пати пријавиле до општина Бутел, но, како што велат, не добиле задоволителни одговори. Од општината велат дека ќе го разгледаат барањето./Алсат.мк
Мелихате Рустеми