ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест на приватните превозници пред ЈСП во Автокоманда

Дел од приватните превозници за денеска од девет часот најавија протест пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Според организаторите, работата околу решавањето на нивниот проблем се одолговлекува, а тие се без работа и имаат трошоци. На протестот ќе се бара средба со директорот на ЈСП, а се подготвуваат и барања за средби во Град Скопје и до Владата.

Advertisements

Како што информираше Милорад Димитријевски, еден од сопствениците на „Макекпрес“, на протестот уште еднаш ќе ги побараат средствата што им ги должи ова јавно претпријатие. Тој додаде дека минатата недела на „Слобода превоз“ им биле префрлени само 5.000 денари, додека на „Макекспрес“ од 02.11.2022 година кога било последното исплаќање не им било даден ниту денар.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button