СВЕТ

Захарова: ЕУ тоне во рецесија, а Украина ја влече на дното

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на својот телеграм-канал, одговори на коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за забавувањето на западните санкции против Русија.

Advertisements

Таа го цитираше Зеленски кој вчера се пожали дека темпото на европските санкции против Русија се забавува, а Русија сè побрзо се приспособува на ограничувањата. Потоа таа додаде:

„Западна Европа паѓа во рецесија и одамна ја изгуби навиката за преживување. Европа тоне, а Украина ја влече на дното“.

„Блумберг“ вчера објави дека еврозоната може да избегне рецесија по неочекуваниот раст на БДП на крајот на 2022 година, и покрај двоцифрената инфлација и руската инвазија на Украина. Евростат објави дека во последниот квартал од минатата година бруто-домашниот производ пораснал за 0,1 отсто, иако економистите процениле пад од 0,1 отсто.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button