ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска ги испрати до Обвинителството доказите за сомнителни манипулации во давањето концесија на индустриската зона во Тетово

Антикорупциска ги испрати до Обвинителството доказите за сомнителни манипулации во давањето концесија на индустриската зона во Тетово

 Јавното обвинителство денеска од Антикорупциска ја прифатило иницијативата со докази, што отвора сомнежи за фалсификување документи и за влијание во случајот со давање под концесија на Технолошко развојната индустриска зона во Тетово. Катица Николовска, од Антикорупциската комисија вели дека Јавното обвинителство има можност да обезбеди докази за дополнителните сомнежи на лица инволвирани во доделувањето на концесијата за зоната во Тетово.

По објавувањето на случајот од антикорупциска, Алсат праша во владата како ќе постапи со објавените докази. Од кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски, велат дека во иднина ќе ги дефинираат своите чекори.

„По објавувањето на одлуките и препораките на ДКСК, а согласно сомнежите од Државниот завод за ревизија во делот на времетраењето на самиот договор за јавно приватно партнерство, ќе се одредуваат следните чекори и одлуки на Владата и на дирекцијата за ТИРЗ кој постапуваат по овластување на Владата во овој договор”, велат од ВЛАДА.

Додека пак од концесионерот „Нормак Инвестмент груп“ велат дека немале можност да бидат дел од горенаведените законски прекршоци.

„Како приватен партнер, во ниту еден случај не сме имале законска можност или одговорност во постапката за формирање на парцелата на ТИРЗ Тетово од една страна, ниту можност да бидеме дел од процесот за јавно-приватно партнерство и изборот на најповолната понуда. Нашата компанија е претставена како понудувач – приватен партнер кој го потпишал договорот за јавно-приватно партнерство согласно условите што ги нуди јавниот партнер. Дадените ситуации не се директно поврзани со нашата компанија и според тоа не гледаме потреба од преземање дополнителна активност“, велат од Нормак инвестициска групација.

Во одлуката објавена од ДКСК пред една недела, се вели дека за индустриската зона во Тетово „Службениците постапиле спротивно на законот за концесии и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство откако ја злоупотребиле нивна должност, за фалсификување документи и донеле решенија за фаворизирање на понудувачот, заради доделување на договорот за јавно-приватно партнерство“.

Во еден од прислушуваните разговори кои ги објави поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев, во 2015 година, има и разговор на актуелниот вицепремиер Артан Груби, тогаш пратеник, и на лидерот на ДУИ Али Ахмети, за текот на доделувањето на концесија за индустриската зона во Тетово. Груби во овој разговор го информирал Ахмети дека тогашниот министер за економија му рекол  дека условите ги исполнува турска компанија, а за компанијата која сега ја има концесијата дека и недостига дополнителен документ. Дури му кажува дека му е и даден дополнителен рок да го пополни./Алсат.мк

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button