ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во 2023, 100 казни за превозниците на ученици

Во 2023, 100 казни за превозниците на ученици

Бројот на прекршоци од возила што превезуваат ученици достигнува над 100 само во првите пет недели од годината. Полицијата констатирала бројни сообраќајни прекршоци, меѓу кои само за месец јануари биле констатирани 62 прекршоци на Законот за безбедност во сообраќајот од страна на превозниците, 15 прекршоци на законот за возила и два прекршока на законот за оружје.

Advertisements

МВР

прекршоци: 2023

Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата: 62

Закон за возила: 15

Закон за оружје: 2

Од МВР велат дека во случаи на констатирање прекршоци или кривични дела полицијата постапува согласно своите овластувања и издава платни налози или поведува соодветна прекршочна или кривична постапка. Учениците велат дека до сега се чувствувале безбедно во транспортот, но овие бројки ги загрижиле.

„Добро е да има повеќе контроли за да бидеме побезбедни“, рече еден ученик.

Од Транспортниот инспекторат велат дека во нивна надлежност се меѓуопштинскиот превоз, меѓународниот превоз на патници, како и превозот на стоки во внатрешниот и меѓународниот сообраќај. Од таму потенцираат дека ќе ги преземат потребните мерки, во случаите поврзани со надлежностите на инспекторатот.

„Државниот транспортен инспекторат соработува со Министерството за внатрешни работи и други надлежни институции, по што сме информирани кога ќе биде откриена некаква повреда од нивна страна што има врска со овластувањата на Државниот транспортен инспекторат. Нашите инспектори се секогаш 24/7 на терен и доколку се утврдат неправилности се преземаат мерки и дејствија согласно материјалните закони кои ги применува инспекторатот“, велат од Државен транспортен инспекторат.

Алармантни се податоците и за 2022 година, каде при контролите на училишните превозници, се утврдиле 700 прекршоци на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 112 прекршоци на законот за возила, 1 прекршок на законот за оружје и 10 кривични дела за вршење на јавен превоз, без да поседува лиценца./Алсат.мк

2022 ГОДИНА

ПОВРЕДИ:

ЗАКОН ЗА ВОЗИЛА: 112

ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА: 700

ЗАКОН ЗА ОРУЖЈЕ: 1

ЗАКОН ЗА ДЕЛА ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР

ЗАКОН ЗА ЛИЧНИ КАРТИ: 62

КРИВИЧНИ ДЕЛА:

ЧЛЕН: 284-а ОД КЗ РСМ: 10

 

Ајнур Бафќари

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button