Приватните привозници утре на средба со Арсовска
Приватните привозници утре на средба со Арсовска

Студеното време не ги поколеба приватните превозници повторно да протестираат во недела . На протестот во Ченто им се придружија и граѓани за да го изразат својот револт поради немањето на автобуси на одередни линии. Околу 130 возачи велат дека се невработени повеќе од 3 месеци.
„Недостиг има на сите линии, бидејќи претпријатието за јавен превоз има некаде околу 270 автобуси, но недостасуваат и нашите 208 автобуси. ЈСП нема капацитет да го опслужува градот како што треба. На пример, кога возевме на линијата 19 во една смена имаше 14 автобуси, а сега има само 3 автобуси, што е далеку од тоа каква треба да биде услугата“, рече Исен Халили, Возач.
Тие добија покана од Град Скопје утре да одат на средба со градоначалничката Данела Арсовска. Приватните превозници, кои работат паралелно со Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, создадоа нов координативен совет .
Од Град Скопје велат дека ќе разговараат со приватните автобуски превозници да се најде решение за проблемите, но тоа да не било на штета на Градот. Тие рекоа дека нивната понуда за ангажирање приватни оператори преку јавни повици била во интерес на сите, но бидејќи никој не се пријавил до нив, оваа тема, според нив, веќе е затворена./Алсат.мк
Аднан Ќаили