МАКЕДОНИЈА

Минусни температури низ цела држава: Најстудено во Берово и на Попва Шапка

Утринава се забележани минусни температури низ целата држава. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено е во Берово и на Попова Шапка со -16 степени, во Маврово се измерени -13, во Битола и Скопје -12, Штип и Крушево -11, Прилеп и Струмица -10, Охрид -7 и во Гевгелија и Дојран -5 степени.

Advertisements

Најмногу снег има на Попова Шапка – 46 сантиметри, во Маврово – 18, а четири во Крушево.

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро и многу студено, на места со мала облачност и со слаб ветер главно од источен правец. Слично е и утринава.

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје сончево и студено со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button