ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се донира помош за настраданите во Турција и Сирија

Во многу градови низ Македонија, многу здруженија и волонтери собираат помош за подрачјата погодени од разорниот земјотрес во Турција и Сирија.

Advertisements

На плоштадот во Тетово и гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ беше собрана голема помош од граѓаните.

„Собраната помош нема да оди во оваа форма, туку ќе биде селектирана и спакувана со натписи за која возраст и пол. Најголема е потребата од џемпери, капи, шалови, ракавици и пакувана храна и лекови“, рече Елма Шерифи, претседателка на младинскиот совет на Тетово.

На парична помош апелираше и првиот човек на општина Тетово, Билал Касами.

„Помошта може да биде материјална која е многу неопходна, но и финансиски средства, за што е отворена хуманитарната сметка од Советот на општина Тетово. Организиравме плаќањето да биде преку банката, каде што обезбедивме и уплатници пополнети со речиси она што ќе го посакаат граѓаните“, рече Касами.

Помош се собира и во Гостивар. Градскиот плоштад и спортската сала се преполни.

„Започнавме синоќа преку младинска иницијатива и за кратко време нашите очекувања беа надминати.. Посебно ја пакуваме храната, истото го правевме и со облека, греалки, работи за деца, за жени, па сето тоа ги одвоивме посебно. Потоа ќе ги ставиме нво камионот и од тука директно ќе ги испратиме во Турција“, рече Енес Менга – еден од организаторите на акцијата.

Двата пункта во Тетово и Гостивар за собирање помош за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија ќе бидат отворени секој ден од десет до шест часот до 20 февруари.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button