ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Субвенционирана струја не ги намали цените на производите

Цените на храната никако да се намалат колку што ветуваа од владата, а субвенционираната струја за прехранбениот сектор ќе им остане на располагање до април. Граѓаните се крајно револтирани бидејќи поевтината електрична енергија што ја користат производителите е платена со народни пари. Не само што нема намалување на цените на храната, туку добар дел се продаваат и поскапо од воведување на мерката за поевтина струја за оние кои произведуваат прехранбени производи.

Advertisements

„Речиси ништо не е намалено. Млеко, сирење, се си е исто. Лебот, и тој е иста цена. Нема ништо намалување…“

„Сѐ е поскапено и тоа од 10 до 20 посто…“

„Има зголемување на цените, а не намалување“, реагираат граѓаните.

И покрај ваквите поплаки и обвинувања од страна на граѓаните дека цените наместо да се намалуваат тие одат нагоре, односно стануваат сѐ повисоки секој ден, новиот директор на пазарната инспекција инсистираше и остана на своето да не даде изјава за медиумите во однос на својата работа, каде извршил контроли и дали открил некакви нерегуларности на терен.

Денеска новиот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски ги покани новинарите да им соопшти дека тој воопшто не е надлежен за цените во маркетите, тука дека ја контролирал маржата на производите. Тоа не сакаше да го каже на камера.
„Камери нема… Може да снимаме инсерти, немаме од директорот. Сакате видео инсерти? Ќе ви испратам јас.“

Економските министери во владата па и премиерот секојдневно ја уверуваа јавноста дека доколку им биде исполнето барањето на бизнисмените за обезбедување на поевтина струја сите цени на храната ќе се намалат до 10 отсто. Доколку тоа не се случи, надлежните се закануваа со засилени контроли на Пазарниот инспекторат. Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека најголем дел од производите се намалени од седум до 12 отсто, но тоа граѓаните не го забележуваат. Официјалните податоците велат дека трошоците за храна на едно семејство за една година се зголемени за 20 отсто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button