ЕКОНОМИЈА

Новото задолжување за покривање на стари долгови

Последната издадена Еврообврзница тешка 600 милиони евра ќе се искористи за финансирање на обврските по основ на стари долгови, кои доспеваат за отплата годинава. Како што соопштија од Министерството за финансии каматната стапка на ова задолжување е 6,25 проценти, а рокот на исплата на обврзницата е четири години. Според информациите оваа каматна стапка била најниска во моментов на меѓународниот пазар и заради енергетската криза се движат над 8%. По основ на главница и камата, за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, годинава треба да исплатат 594 милиони евра за главница како и 138 милиона евра за камати. Од нив, најголемиот дел отпаѓа за седумгодишната еврообврзница, издадена во 2016 година, и за која само во оваа година треба да се исплатат 450 милиони евра и за камата дополнителни 25 милиони евра. Претходната еврообврзница Владата ја има издадено во март 2021 година на износ од 700 милиони евра, со што  се врати стар долг од 500 милиони евра.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button