ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Занаетчиите од март ќе ги поскапат производите

Занаетчиите од март ќе ги поскапат производите

Производите и услугите на занаетчиите од март ќе поскапат за околу 10 отсто. Од Занаетчиската комора за Алсат велат дека тоа покачување на цените е неминовно со најавениот раст на минималната плата. Микро и малите компании се во завршни анализи за својата финансиска кондиција, и сметаат дека ќе им требаат дополнителни средства за да обезбедат пари за новиот минималец на своите вработени. Занаетчиите тврдат дека не се против зголемувањето на минималната плата.

Advertisements

„Бидејќи покачувањето на платата ќе придонесе за поскапување на нашите продукти и услуги и тоа за околу 10 посто поради тоа што ќе се зголемат платите на 2.500 денари. Ова го кажав и веќе, дека последниот потрошувач ќе биде оштетен, односно инфлацијата ќе го покаже својот лик“, изјави Агрон Фазлији Претседател на Занаетчиската комора.

Минималната плата според планот треба да се зголеми во март и таа да изнесува 20.500 денари. Бројот на занаетчии во земјава се движи од шест до седум илјади. Освен минималната плата, како проблем со кој би се соочувале малите компании во иднина е и новиот Закон за данок на добивка кој ги тангира најмногу токму овие фамилијарни бизниси. Дополнително, занаетчиите инсистираат за нив да не важи правилото за недела неработен ден со образложение дека токму во неделите овие дејности се најактивни и најбарани од граѓаните./Алсат.мк

Иле Петрески

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button