Хашим Тачи се појави во Хаг


Алсат
13.07.2020 16:03
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска пристигна во седиштето на Специјалниот суд во Хаг за да биде сослушан од обвинителите. Пред сослучувањето, Тачи истакна дека неговото присуство во Хаг подразбира почитување на војната и слободата на независно Косово.
„Денес сум тука да дадам полет на сонот за кој се борев, за слободно и независно Косово, за еднакви права и владеење на правото. Подготвен сум да се соочам со новиот предизвик и да излезам победник, за мојот син, моето семејство, мојот народ и мојата земја“, рече Тачи.
Според Тачи, никој не може да ја препише историјата, додавајќи дека тоа е „цената за слобода“
„Јас верувам во мир, вистина, помирување и правда. Верувам во дијалог и добри односи со сите соседи. Косово е успешна приказна, на која сум горд. Иднината на Косово е членство во ЕУ, НАТО и вечно пријателство со Соединетите држави“, додава Тачи.
Адвокат на Тачи е американскиот Пјер – Ричард Проспер. Тој беше обвинител во Меѓународниот кривичен суд на ОН за Руанда. На 24 јуни Канцеларијата на специјализираниот обвинител објави дека на 24 април го испратила до специјализираните делови за Косово, со седиште во Хаг, обвинението со десет точки за разгледување, во кое претседателот Тачи, претседателот на ДПК Кадри Весели и други, се обвинети за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и нелегално убиство, присилно исчезнување на лица, прогон и тортура.
Адриан Керими