ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Македонија прогласен ден на жалост за трагедијата во Турција и Сирија

Во Македонија прогласен ден на жалост за трагедијата во Турција и Сирија

  Низ социјалните мрежи кружат фотографии од центарот на Скопје, на кои се отсликува оваа слика, со центарот на Скопје покриен со облека или ѓубре. Сепак, оваа облека е донација на граѓаните која ќе биде испратена во Турција и нема да остане овде во центарот на Скопје, бидејќи волонтерите, сè уште работат на селектирање на облеката, бидејќи не секој донел соодветна облека.

Advertisements

Некои граѓани повикот за помош со облека,  го сфатија како чистење на плакарите. На луѓето погодени од земјотресот им требаат чизми, ќебиња, дуксери, кои мора да бидат во добра состојба за употреба. Волонтерите во донираните кутии и чанти пронашле облека за плажа, штикли, гардероба за забава.Волонтерите ќе работат до 24 часот на полноќ. Досега во Турција се испратени 100.000 пакети.

„Сè уште имаме луѓе кои селектираат облека, бидејќи има нешто што може да се испрати во Турција, има и  облеката што ја имале дома дошле и ја фрлиле овде како ѓубре. Донирале облека што не можеме да ја испратиме. Донеле облека за на плажа. Не сакаме облека на плажа, сакаме облека за да спасиме некого.  До рано изутринава, работеа 200 волонтери. Кај портата „Македонија“ има многу кутии, околу 2 илјади. Апелирам до сите оние кои имаат време да дојдат овде и да помогнат да се направат кутии. Сè уште има облека што треба да ја испратиме, отпадоците се одвојуваат “, рече еден волонтер.

Денеска во Македонија е ден на жалост, знамињата во државните институции и пред дипломатските претставништва се на половина копје. Одлуката вчера ја донесе Владата, како израз на солидарност и почит за големиот број загинати  по  катастрофалниот земјотрес што на 6 февруари се случи во Турција и Сирија. Бројот на загинати во земјотресите од вчера се искачи на над 33.000./Алсат.мк
Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button