Се повеќе деца, жртви на сајбер малтретирање
Се повеќе деца, жртви на сајбер малтретирање

Секој ден се зголемува бројот на деца жртви на социјалните мрежи. Според Детската амбасада „Меѓаши“, над 200 деца се жртви на сајбер малтретирање, додавајќи дека реалните бројки можеби се и поголеми.
„Да се информираaт за приватноста на интернет, да знае дека што и да се објави на социјалните мрежи, приватноста се губи. Не треба да ги даваат лозинките дури и ако се работи за партнерот или партнерката, како знак на меѓусебна доверба“, рече “Фатмире Ајдари, „Меѓаши“.
Средношколците и професорите сметаат дека е потребна поголема свест пред да биде предоцна.
„Првиот чекор е да се освести самиот ученик или младиот дека тоа што го читаат на Интернет, она што некој друг, трето лице им го кажува, не значи дека тоа е нечие единствено мислење“, рече еден ученик.
„Нема многу активности за сајбер-малтретирање во нашите училишта. Најдобар начин е информирање и одржување панел дискусии во средните училишта“, додаде друг ученик.
„Нашето искуство покажува дека навистина имаме многу чести случаи и тоа сме го менаџирале на најдобар начин со спречување на конфликти бидејќи тие како вознемирувања не можат да се спречат, но конфликтите се спречуваат. Тоа што е поважно е да бидеме информирани, во институцијата каде што сме, во училиштето, потоа се преземаат мерки за посредување“, изјави Насер Мифтари, наставник.
За таа цел, Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе започне со имплементација на проектот од Еразмус, за подготовка на методологијата како да се заштитат младите од опасностите од виралните трендови./Алсат.мк
Мелихате Рустеми