МАКЕДОНИЈА
Повторно ќе му се суди на Даравелски

На поранешниот директор на Царината, Драган Даравелски, повторно ќе му се суди. Тој на почетокот на годинава беше приведен на македонско-српската граница при обид да влезе во земјава поради меѓународната потерница за издржување затворска казна. Оттогаш е во затворот Шутка.
„Се дозволува повторување на кривичната постапка против обвинетиот“, соопштија денеска од Кривичниот суд бидејќи во првата постапка му било судено во отсуство. Даравелски беше осуден на 7 години затвор во 2007 година за злоупотреба на службената положба и овластувања додека беше директор на Царината во времето кога премиер беше Љубчо Георгиевски.