
Нема евтини цени ниту за овошјето и зеленчукот кои главно се одгледуваат во земјава. Високите цени трговците ги правдаат со новите цени од добавувачите. Во меѓувреме, производителите кои имаат оранжерии велат дека првокласното овошје и зеленчук се извезува во странство, а за домашниот пазар оставаат просечните производи за да можат да се прилагодат на овдешните цени. На пример, доматите од втора класа чинат 130 денари, краставиците 110 денари, крушите 70 денари, јаболката 30 денари. Но, многу од граѓаните велат дека и овие цени не е лесно да се платат од семејниот буџет.
Стопанствениците пак, смируваат и тврдат дека цени нема да бидта толку високи и оти ќе има намалувања согласно чинењето на суровините, струјата и другите параметри кои влегуваат во крајната цена.
„Треба да се направи прилагодување на побарувачката и понудата. Со оглед на трошоците за производство, транспорт и работна сила, цените се оптимални. Проблемот е што цените на производите не се високи, туку платите и другите примања на граѓаните се мали. Тоа е јаз што влијаеше и на продлабочување на инфлацијата“, наведуваат од Стопанската комора.
Додека кај нас здруженијата за заштита на потрошувачите спијат, во Грција Федерацијата на потрошувачи, најави бојкот на млечните производи во траење од една недела во знак на протест поради високите цени. Тие ги повикаа потрошувачите една недела да не купуваат млечни производи за да влијаат на нивните цени.
Аднан Ќаили