
Завршени се административните процедури кои беа потребни за итна набавка на лекот Трикафта за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, информираше денеска Владата.
Испораката на лекот Трикафта за овие пациенти, додаваат оттаму, се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек.
За оваа намена од Фондот за здравство минатата недела беа одобрени над 2,2 милиони евра, а во соработка со сите релевантни институции во изминатите неколку дена беа завршени сите постапки со кои се овозможува непречена итна набавка на лекот Трикафта за критичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.