МАКЕДОНИЈА

Велешанец осомничен дека ја тепал, дрогирал и принудувал сопругата на проституција

Основното јавно обвинителство кавадарци поведе постапка против 45-годишен жител на Велес осомничен дека ја принудувал својата сопруга на проституција, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Осомничениот, како што информираат оттаму, се товари за кривичното дело посредување во вршење поституција според член 191 став 4, за кое е предвидена затворска казна од најмалку 10 години.

Advertisements

Тортурата врз сопругата од страна на осомничениот велешанец траела од 2016 до октомври 2022 година.

„Во временскиот период од 2016 до октомври 2022 година, осомничениот во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата сопруга, така што со примена на сила, тепајќи ја и давајќи и наркотични дроги, ја наведувал на проституција. Тој се договарал со различни лица и ја носел жената во Кавадарци, каде што ја принудувал да има сексуални односи со неколку лица во ист ден, за што наплаќал парични средства“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button