ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло со пролетни температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Advertisements

Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, попладне сончево. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button