ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Поради верскиот празник Задушница, денеска, во Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соопшти МВР.

Со почеток од 06.00 часот сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска”, лево по ул.„Александар Урдаревски”, лево по ул.„Боца Иванова” и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова”, до кружниот тек на ул.„Бутелска”, па лево по ул.„Бутелска” и десно по ул.„Кемал Сејфула”.

Advertisements

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button