ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќе од три недели, недостигаат два современи типа на инсулин

Повеќе од три недели, недостигаат два современи типа на инсулин

Повеќе од три недели во Македонија недостигаат два современи типа на инсулин и ленти за мерење на инсулин,а нема ниту терапија за дијабетес за пациенти со покомплицирани здравствени состојби.

Advertisements

„Нема инсулински ленти скоро два месеци, мајка ми и мојот пријател се на инсулин. Што да прават без ленти? Каде да ги најдеме, живееме со социјална помош. Каде можеме да најдеме пари за да ги купиме лентите и лековите. Како да го мериме шеќерот за да знаеме колку е, и да добиеме терапија? Многу е проблематично бидејќи шеќерот многу влијае на здравјето“, рече еден пациент.

Од Здружението на дијабетичари велат дека ваквата состојба го загрозува здравјето на заболените од дијабетес и бараат државата да најде начин секој пациент навреме да ја прима терапијата.
Диме Велев, Здружение на дијабетичари на Македонија

Од Министерството за здравство нема одговор кога се очекува да се обезбеди одредената количина инсулин и да се дистрибуира во аптеките. Инаку, во Македонија околу 45.000 луѓе живеат со инсулин. Од нив околу 600 се деца до 18 години./Алсат.мк

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button