ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Давидовиќ: Одговорност за судиите кои намерно застаруваат предмети

Давидовиќ: Одговорност за судиите кои намерно застаруваат предмети

Бавната работа на судовите како и долготрајните истраги на обвинителите се  главните причини за застареност на судските предмети, и честопати се користат како алатки за политичари да се спасат од гонење за незаконски дејанија..

Advertisements

Деновиве со предлог на партијата „Левица“ собранието ја одобри потребата од промена на Кривичниот законик, според кој се предвидува продолжување на застареноста на кривичните дела, поточно гонење и спроведување на мерката затвор. Но, според адвокатот Звонко Давидовиќ, ова нема да го реши проблемот.

Според него, не е логично на предмет кој според позитивните закони застарува по 30 години, сега да му  се додадат уште 30, што претставува еден човечки век. Тој додаде дека тоа може да се реши само доколку судиите кои намерно ги одложуваат предметите, сносат одговарност.

Според важечките закони, делата за кои е предвидена доживотна затворска казна застаруваат по 30 години, делата за кои е предвидена казна над 10 години застаруваат по 20 години, а делата за кои се предвидува каза повеќе од 5 години, застаруваат по 10 години.

Многу поранешни функционери и функционери обвинети во предмети на поранешното Специјално обвинителство честопати ја гледаа надежта за избегнување затвор во застареноста. Неодамна се докажа дека судиите Енвер Беџети и Лирије Елези во случаите „Таргет Тврдина“ и „Трезор“ каде обвинет е поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, намерно ги одложувале предметите.

Дека ова прашање и понатаму е проблематично покажуваат и континуираните одложувања на судските рочишта за несреќата во Ласкарци и за несреќата во Бугарија./Alsat.mk

Ардит Рамадани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button