Патот од Свети Наум до границата со Албанија е заборавен
Патот од Свети Наум до границата со Албанија е заборавен

И додека македонските власти со години ветуваат дека патот кој од Охрид до границата со Албанија, кај Свети Наум, ќе се реконструира, на другата страна од езерото, интензивно се работи на реконструкција и проширување на патот кој води кон Тушемишта и Поградец. Патот треба да има три летнти а се гради и обиколница. Охриѓани велат дека само од ветувања, патот нема да се направи.
„ Штом е тесен и не се одржува доволно,значи ризичен е.Од ветување не се живее, треба да се работи повеќе“, рече еден граѓанин.
Верувате ли на ветувањата на власта?
“Нема ништо од тоа. Еве патот Кичево-Охрид, десет години го прават и не е направен и не се гледа крајот“, додаде друг.
„ За патот искрено и децении наназад се говореше и на локално и на републичко ниво дека патот треба да се прошири, но до ден денес не видовме такво нешто. Треба да се направи барем уште една коловозна лента и велосипедски патеки, за да го добие вистинското значење самиот пат. Инфраструктурата во Албанија за нивна среќа е многу подобра, а за наша жал овде нашата инфраструктура гледаме и ден денес каква е“, нагласи еден друг граѓанин.
Од Агенцијата за државни патишта велат дека во годишната програма за 2023 предвидена била рехабилитација и поправка на делницата Охрид – Свети Наум.
„ЈПДП веќе има направено избор на најповолен изведувач, и тече постапката за Управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки по што доколку добие позитивно мислење ќе се склучи Договор со избраниот изведувач и веднаш ќе се отпочне со подготвителни работи за отпочнување на реконструкцијата. Доколку се добие негативно мислење, односно се поништи постапката, ЈПДП ќе треба да отпочне со нова постапка за избор што ќе значи одолговлекување на целиот процес“, велат од Јавно претпријатие за државни патишта.
Во текот на туристичката сезона, патот од Свети Наум до границата е најфрекфентен, но бидејки е тесен и небезбеден, се создаваат неколку километарски колони, а не мал и бројот на сообраќајни незгоди./Алсат.мк
Мики Трајковски