ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бубевски: Супервештачењето за Ласкарци не може да  ја сведе вината само на возачот

Бубевски: Супервештачењето за Ласкарци не може да  ја сведе вината само на возачот

Супер вештачењето направено по барање на судот за случајот „Ласкарце“, според Основното јавно обвинителство, нема да може да го промени текот на судењето. Јавниот обвинител Гаврил Бубевски во неделното интервју за Радио слободна европа изјави дека супер вештачењето нема да влијае на оценката и целата вина за трагедијата „Ласкарце“ да се сведе  само на возачот на автобусот.

Advertisements

Зборувајќи за можноста за застареност на кривичното гонење против поранешниот директор на Царината, Драган Даравелски, за кого Кривичниот суд донесе одлука за повторно судење , Бубевски додава дека застареноста е завршена, но ќе се чека конечната одлука на судот .

Кривичниот суд донесе одлука за повторно судење за случајот Даравелски врз основа на неговата изјава дека не знаел за затворската казна. Иако законските одредби дозволуваат повторното судење врз основа на овој аргумент да започне во рок од една година од конечната одлука, Кривичниот суд изјавите на Даравелски ги прифати како факт иако тој дури во 2007 година беше осуден со правосилна одлука.Во меѓувреме имаше и два обида за екстрадиција, дури еден од нив беше завршен во правен-формален аспект, но српските власти се откажаа од екстрадиција зашто Даравелски бил и српски државјанин. Даравелски беше уапсен на 10 јануари на граничниот премин со Србија, во обид да влезе во Македонија. По него имаше распишана меѓународна потерница. Бубевски, не очекува да застарат случаите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ каде што е обвинет Мијалков и вели дека една од причините за пролонгирање на случаите била и пандемијата./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button