ВЕСТИЗДРАВСТВО

Здравствените работници си ги бараат јануарските плати

Претставници на синдикални организации на вработени во здравствениот сектор денеска напладне пред Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ќе побараат исплата на платите за јануари и ќе информираат за следните чекори доколку не ги добијат парите во текот на денов.

Advertisements

Јануарските плати на вработените во здравството доцнат поради хакираниот систем на Фондот. Кој прекина со работа на 6 февруари откако беше цел на сајбер-напад.

ФЗОМ во четвртокот побара сите јавни здравствени установи да достават податоци за вработените за да може да им се исплати плата.

Најави за протест поради неисплатените плати има од докторите, сестрите, болничарите и останатиот медицински кадар од ГОБ „8 Септември“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и од други здравствени организации низ земјава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button