ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ФЗОМ: „Системот е во функција, исплатите се почнати“
ФЗОМ: „Системот е во функција, исплатите се почнати“

Фондот за здравство соопшти дека системот им е во функција и оти е започната исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата на пари.
„ИТ експертите ги завршуваат процесите. Се очекува утре и во среда осигурениците постепено да ги добиваат средствата на своите сметки“, соопштија од Фондот.