ВЕСТИЗДРАВСТВО

Утре протест на здравствените работници

Најголем дел од здравствените работници ги добија заостанатите плати од Фондот за здравство. Остануваат малку клиники каде што не се извршени плаќања. Но, лекарите не се откажуваат од протестите. Во среда здравствените работници низ Македонија ќе протестираат од 10 до 10:30 часот за да го изразат своето незадоволство. Меѓу другото, бараат зголемување на платите и бараат вакво доцнење на платите никогаш да не се повтори.

Advertisements

Протестите на здравствените работници доаѓаат по доцнењето на нивните плати од страна на Фондот за здравство, кој како резултат на сајбер напади речиси две недели беше целосно вон функција. Од вчера истиот е речиси целосно одблокиран.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button