Граѓани: Вработувања само со партиска книшка

Ветувањата на ДУИ дека ќе има понуда за работа за секој млад човек во рок од четири месеци по завршувањето на школувањето или по останувањето без работа, останаа само на хартија. Граѓаните велат дека вратите на институциите се затворени за младите, а „билет“ за вработување е партиската книшка, а не квалификациите.
„Кај нас се создаде една многу лоша навика и појава, а тоа е крајна партизација на секоја институција, дека партиската книшка станува се повредна и поважна, па дури и поважна од здравствена книшка…. Генерално нема друг излез за младите кои не наоѓаат работа, овде кај нас немаат друг избор освен да заминат и да ја напуштат државата, бидејќи реално младите се чувствуваат напуштени од институциите на оваа земја“.
„Тешко е млад човек или студент да биде мотивиран за квалитетот на студиите, како и за нивното вработување…“, рагираат студентите.
Повозрасните граѓани се жалат дека нивните внуци се образовани, но не можат да се вработат.
„Факултетот може да го завршат, ама за работа треба да си во некоја партија. Без врски овде не можеш да се вработиш, особено младите… Си заминуваат, зошто да не. Каков напредок може да имаат овде? Тие што ги фатија местата, само ги гледаат своите блиски не мислат на ништо друго.. .
„Сите одат во странство, за секоја вечер одат по 3-4 автобуси, бидејќи тука нема услови”, велат граѓаните.
Критики кон Владата имаше и Огнената група во ДУИ. Изет Меџити од „Огнената група“ потсети на ветувањата што ДУИ им ги даде на младите на парламентарните избори во 2020 година, нагласувајќи дека ниту едно од овие ветувања не е исполнето.
Ајнур Бафќари