ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Повторно закани за поставени бомби во училишта

Закани за поставени бомби утринава стигнале на адресите на 13 училишта, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопштија од МВР.
Вчера закани за поставени бомби на повеќе локации во Скопје, меѓу кои и во претседателската вила на Водно.