Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во „Кампања“

Поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, доби ослободителна пресуда во повтореното судење за случајот „Кампања“.
Во „Кампања“ Бошкоски се гонеше за кривичните дела злоупотреба на средства за изборна кампања и за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со изборната кампања за парламентарните избори на 5 јуни 2011 година. За случајот тој беше уапсен ден по изборите пред ресторанот „Воденица“ во скопската населба Капиштец.
Во пресрет на изрекувањето на денешната пресуда, обвинителството во завршните зборови направи измена на обвинителниот акт односно поради застареност се откажа од гонење за делото злоупотреба на службената положба и овластувања.
Бошкоски се гонеше дека во два наврати земал 7,3 милиони евра за финасирање на изборната кампања во 2011 година од странски државјанин кој во процесот беше и еден од клучните сведоци и се сослушуваше како загрозен сведок под псевдоним З1.