
Синдикатот на Клиничкиот центар во Скопје и на болницата 8 Септември протестираа со барање за зголемување на платите и усогласување со минималната, како и поради доцнењата на јануарската плата. Лекарите се пожалија дека поради ваквите состојби, се повеќе медицински кадар ја напушта државата. Само во последните пет години околу 6.000 медицински сестри заминале да работат во странство.
Освен во Скопје, протести денеска се одржаа и во Тетово, Куманово и во други градови низ земјава.
Синдикалците најавуваат уште помасовни протести доколку не се послуша нивното барање за зголемување на платите.
Вјолца Алити