ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Организацијата на потрошувачи излезе од зимски сон

Компаниите од прехранбената индустрија кои не ги намалија цените мора да ги вратат парите искористени за да добијат субвенционирана струја. Потрошувачите се гневни што со народни пари повторно скапо ги плаќаат основните прехранбени производи. Од Организацијата на потрошувачи оценуваат дека Владата треба да бара поголема одговорност од овие прехранбени компании, а не само да поминат со укината помош.

Advertisements

Производителите од прехранбената индустрија, покрај струјата, сега наоѓаат причини и да ги субвенционираат платите за работна сила. Тие се однесуваат дури и на високите трошоци на увозните суровини кои ги зголемуваат цените. Од организацијата на потрошувачи велат дека фирмите секогаш ќе најдат причина да не се откажат од профитот.

Овие реакции на Организацијата на потрошувачи дојдоа по многуте инсистирања на новинарите, бидејќи никаде ги немаше со месеци и покрај енормната инфлација и потребата да ги штитат правата на граѓаните. Меѓу многуте поплаки упатени до оваа организација се и намалувањето на количината во пакуваните производи, што значи двојно поскапување во однос на она што го добиваат потрошувачите.

Инаку, Министерството за економија им даде рок на оние кои користат субвенционирана струја, а не ги поевтинија производите, тоа да го сторат до крајот на месецот, во спротивно истата ќе биде укината. Прехранбените компании ја користат ваквата помош од 1 декември. Минимално ги намалија цените на некои производи, но граѓаните тоа не го почувствуваа.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button