ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски за бугарските клубови: Централниот регистар ќе постапува согласно законот

Со здруженијата коишто нема да се усогласат со законските одредби ќе се постапува согласно законските одредби, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски. Запрашан за неговите очекување во врска со имињата на бугарските клубови во земјава, тој рече:
„Оние здруженија, коишто нема да го почитуваат законот и нема да се усогласат согласно законските одредби во предвидениот рок, а согласно одлуките на Комисијата предвидена со закон, со нив од страна на Централниот регистар ќе постапува согласно законот“, рече Ковачевски.