Куманово, откажан концерт на учениците Албанци
Куманово, откажан концерт на учениците Албанци

Десетина ученици Албанци од основното музичко училиште „Панче Пешев“ во Куманово, останале со инструменти в рацете и не го реализирале концертот што вчера требало да се одржи во Центарот за култура. Според родителите и наставниците Албанци причина за откажување на концертот била директорката на училиштето, Сандра Зојчевска. Ја обвинуваат дека наредила учениците на овој концерт да не се претставуваат како ученици од матичното училиште, од паралелката на албански јазик.
„Директорката на училиштето наредила никако да не се истакнува името на музичкото училиште ‘Панче Пешев’, поточно паралелката на албански јазик. Значи, може да го одржите, да реализирате концерт, но тој концерт да го наречете како детски концерт, заобиколувајќи го правото да го претставите матичното училиште. Паралелката на албанскиот јазик е формирана со статут, во ова училиште има статут и мислиме дека каде и да одиме со нашите деца, да се претставуваме како ученици на паралелката на албански јазик од основното училиште ‘Панче Пешев’ и решивме да го откажеме концертот, да не го одржуваме“, рече Рами Мустафа, учител.
Мустафа додава дека директорката била усно и писмено известена за одржувањето на концертот и до последен момент немало негативна реакција. Алсат телефонски контактираше со неа. Пред да разбере за што ја бараме, комуникацијата со неа беше добра, но во моментот кога кажавме дека сме новинари, рече оти е во странство и можеме да ја бараме од понеделник.
„Како беше во моментот кога сфативте дека концертот се откажува? Во моментот кога слушнав дека нема да го одржиме многу лошо се чувствував, бев вознемирен затоа што тренирам три месеци, се подготвуваме три месеци“, рече еден ученик.
Револтирани се и родителите. Ни рекоа дека имаат многу забелешки за директорката, поврзано со етничка дискриминација.
„Врз основа на нејзината одлука, таа е контрадикторна, бидејќи не дозволува да се промовираат вредностите на училиштето. Нашите деца го промовираат училиштето ‘Панче Пешев’, го промовираат педагошкиот кадар што е таму. Револтот е прилично голем бидејќи на децата се обидуваат да им го прекинат сонот за образование, тоа е најголемиот ужас што јас како родител го гледам кај директорката“, родител.
За овој проблем наставниците дека ги известиле сите надлежни институции. Ако не се преземат конкретни мерки, велат дека ќе бидат принудени да побараат поделба на паралелките, односно албанските да функционираат како посебни и со посебен кадар./Алсат.мк
Мелихате Рустеми