ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружанец треба да земе 2.500 евра за напад од кучиња-скитници, но…

Стружанец треба да земе 2.500 евра за напад од кучиња-скитници, но...

Седум години откако бил нападнат од куче-скитник во центарот на Струга, 64 годишниот Драган Пејоски не може да си го наплати обештетувањето. Треба да добие 152.000 денари или околу 2.500 евра кои ги добил во судскиот спор против општината и јавното комунално претпријатие.

Advertisements

„Се жалеа во Битола и Битола го добив спорот. Тоа се случи 25.02.2016 година. Бидејќи не можев да си наплатам никако, ги дадов на извршител. Извршителот Гордана Џутеска до ден денес не може да ги наплати. Немаме пари велат – дали треба да си партиски војник, па да ги наплатиш не знам. До ден денес никој нема добиено пари. Имаше случаи и после мене што ги нападнаа и тие немаат наплатено“, рече Драган Пејоски-жител на Струга.

Пејоски бил нападнат додека чекал автобус до работното место.

„…Само се штитев на вратот и викав, но немаше никој бидејќи беше рано. Во еден момент од зградата близу излезе еден дечко, почна да мафта со чадорот и торбата и куртулив“, додаде тој.

Вели дека и до денес се уште ги чувствува последиците и траумите од нападот и има фобија од кучиња.

Во меѓувреме, од општина Струга се пофалија дека почнале акција за третман на кучињата-скитници. Ќе ги заловуваат и ќе ги стерилизираат.

„Апелираме до граѓаните на Струга да ги држат домашните кучиња под контрола, да ги евидентираат или да ги вакцинираат доколку не ја завршиле оваа работа, бидејќи нивното пуштање на улица ќе се смета како овие кучиња да се скитници…“, велат од Општина Струга.

Во исто време општината побара од полицијата во Струга да застане на влезните точки во градот и да ги проверува комбињата и камионите за кои постои сомневање дека носат кучиња-скитници од други градови./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button