ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Глувите луѓе во земјава препуштени сами на себе

Глувите луѓе во земјава препуштени сами на себе

Илјадници глуви лица во С Македонија се лишени од речиси сите јавни услуги, не можат да ги остварат своите права, ниту да ги исполнат обврските бидејќи државните институции не се заинтересирани да ангажираат преведувачи на знаковен јазик. Иако ги има малку на број, не се сите вработен. АЛСАТ во текот на овој месец се интересираше дали во општините со најголем број население во земјава работат лица кои го познаваат знаковниот јазик. Се покажа дека во општините Тетово, Битола, Аеродром, Гази Баба, Прилеп, Гостивар и Чаир немаат ангажирани лица за ваква потреба. Тоа автоматски ја исклучува оваа категорија граѓани од правото на општински услуги.

Advertisements

Проблемот се продлабочува кога оваа категорија граѓани има потреба од лекар. По многу обиди, на двајцата преведувачи на знаковен јазик ангажирани од Министерството за здравство не им беа продолжени договорите. Од Здравство се правдаат дека немале пари за нив и оти чекаат дозвола од Министерството за финансии.

Валентина Волак е една од лиценцираните преведувачи на знаковен јазик која секојдневно комуницира со глуви лица. Вели дека ангажманот во јавните институции не би ја чинело државата ништо, но и покрај тоа, досега добивале само лажни ветувања.

Младиот Панде Ефтимов заедно со своите пријатели решија да не останат со скрстени раце пред предизвиците на глувите лица кои се соочуваат и со лош квалитет на образование. Успеале да го убедат Министерството за здравство да ангажира двајца преведувачи и да ја крене свеста на општеството за нивните проблеми преку кампања на социјалните мрежи.

Инаку, иако во земјава има околу 30 лиценцирани преведувачи на знаковен јазик, повеќето од нив се принудени да се занимаваат со друга работа бидејќи не можат да се вработат во нивната област./Alsat.mk

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button