ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Граѓанин заработил 500.000 € од обложувалници, друг 600.000 € од рентање

Во 2021 година највисоката годишна бруто плата во Македонија изнесувала 1,9 милиони евра или месечно, нешто над 165 илјади евра. Станува збор за жител на Скопје кој работи во секторот продажба на тутун. Највисоката пензија во земјава е странска, а ја добивал пензионер која изнесувала околу 95 илјади евра за цела година. Директорката на УЈП Сања Лукаревска ги соопшти и најмладиот милионер во државата кој има само 8 години, но пред две години на неговата сметка биле префрлени еден милион денари по основ на семејна пензија. Најстариот милионер пак е на возраст од 96 години, а во 2021 година пријавил доход од 1,2 милиони денари.

Advertisements

„25 граѓани во 2021 година оствариле приход над 100 милиони денари, а 757 граѓани оствариле приходи во прагот од 10 до 100 милиони денари. На врвот на листата со годишен бруто доход од 244,2 милиони денари е за вработен од Скопје, од кои најголем дел се за плата, но и за други лични примања“, рече Лукаревска.

Податоците на УЈП велат дека скопјанец во 2021 година има најголема заработка од склучени договори од авторски права и тоа 357 илјади евра. Граѓанин на Скопје е рекордерот и по основ на остварени средства од интелектуална сопственост. Имал бруто-заработка од речиси 90 илјади евра. Од Продажба на земјоделски производи жител на Ресен остварил бруто доход од околу 200 илјади евра. Жителка на Тетово пак добила 2,5 милиони евра од компании кои работат со мрежни, социјални и видео-платформи.
Скопјанец добил најмногу пари за изнајмување на недвижен имот, имал бруто доход од над 600 илјади евра. По основ на игри на среќа на скопјанец му се исплатени 44,1 милион денари од Државна лотарија, а второрангираниот кој исто така е од Скопје, добил половина милион евра од добивки од обложувалници.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button