ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повторно лажни дојави за бомби во неколку градови

Повторно лажни дојави за бомби во неколку градови

И денеска имаше лажни дојави за бомби во училиштата и институциите. Вакви дојави претпладне имаше во 19 средни и 9 основни училишта.

Advertisements

Лажните дојави за бомби, особено во училиштата, освен што му наштетуваат на образовниот процес, се претворија и во ноќна мора за учениците, наставниците, родителите и институциите кои велат дека работат на откривање на луѓето кои стојат зад овие лажни дојави, но досега никој не излезе со име или имиња на тие што испраќаат мејлови кои влеваат страв особено кај децата.

Граѓаните сметаат дека дојавите веќе не можат да се сфатат сериозно. Сепак, тие оставаат последици кај децата, како психолошки, така и интелектуални. Жителите на Аеродром, каде што едно од училиштата денеска имаше ваква дојава, велат дека оваа генерација ученици кои поминаа и низ пандемијата и низ сегашната состојба е осудена да живее со дупки во образованието.

Министерството за образование и наука во текот на минатата недела излезе со упатство учениците кои ќе бидат евакуирани од училиштата поради дојави за бомби, останатите часови да ги следат онлајн од дома. Денеска аларм за бомба имаше и во Основниот суд во Охрид./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button