ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новоизбраните министри ги презедоа своите должности

Новоизбраните министри од Собранието ги прифатија своите должности. Кренар Љога ја презеде функцијата од Никола Тупанчевски, иако тој си поднесе оставка на 13 февруари, истиот ден кога Собранието му ја констатираше. Новиот министер за здравство Фатмир Меџити ја презеде задачата од Беким Сали, додека Адмирим Халити му ја предаде функцијата на Азир Алиу во својство на министер за информатичко општество и администрација. Каја Шукова ја презеде функцијата министерка за животна средина од Насер Нуредини. Новите членови на владиниот кабинет учествуваа на првата седница на Владата.

Advertisements

Пратениците на неколку минути пред полноќ изгласа реконструкција на Владата. Парламентарното мнозинство на ДУИ, СДСМ и Алијанса за Албанците се зголеми за еден глас од 64 на 65 пратеници. Од редовите на пратеничката група на ДУИ на гласањето не учествуваа Изет Меџити и Мерита Коџаџику, а не присуствуваше ниту Кастриот Реџепи. Мнозинството од 65-те пратеници е постигнато со поддршка на Скендер Реџепи и Мендух Тачи, кои гласаа за министрите на Алијанса за Албанците.

Две недели траеше расправата во Собранието за разрешување на министрите на Алтернатива и изборот на министрите на Алијанса. Тоа е поради блокадата што опозицијата ја правеше со говори, реплики и контрареплики. Опозицијата најави слична блокада против одлуките на премиерот Димитар Ковачевски за разрешување на замениците министри. Алијанса за Албанците станува дел од Владата во последната година од мандатот на ова парламентарно мнозинство.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button