Зојчевска: Во училиштето нема поделби по етничка основа

Вршителот на должноста директор на основното музичко училиште „Панче Пешев“ во Куманово, Сандра Зојчевска ги демантираше обвинувањата против неа дека таа е причина за откажување на концертот на учениците Албанци од ова училиште и за дискриминација по етничка основа. Зојчевска за Алсат изјави дека овој концерт е најавен ден пред да се одржи, поточно на 23 февруари.
Зојчевска рече дека во тоа училиште учениците се третираат еднакво без разлика на етничката припадност. На обвинувањата од наставниците дека не потпишува решенија за работа, таа вели дека не ги испoлнувале заkонските критериуми, зашто немале пет години стаж. Според Законот, услов за вработување како наставник во улилиште е две години, а не пет години стаж.
Десетици ученици Албанци од основното музичко училиште „Панче Пешев“ во Куманово, останаа со инструменти во рацете и не го изведоа концертот со сериозна музика, што требаше да се одржи во Центарот за култура на 24 февруари. Според родителите и наставниците Албанци, причина за откажувањето на концертот е директорката на училиштето која, според наставниците, наредила учениците на овој концерт да не се претставуваат како ученици на матичното училиште, паралелка на албански јазик. Исто така, се пожалија дека раководителката на ова училиште ги дискриминала децата на етничка основа, и не давала согалсност за вработување на наставници – Албанци .
Мелихате Рустеми