ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието треба да ја почне расправата за избор на нови заменици – министри

Собранието денеска ќе ја продолжи 104. седница најверојатно со гласање за разрешување на замениците министри откако синоќа заврши расправата по оваа точка од дневниот ред. Потоа пленарната седница треба да продолжи со изборот на новите заменици министри.

Advertisements

Премиерот Ковачевски за заменици министри ги предложи Тирон Јајага во Министерството за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ во Министерството за правда, Вјолца Бериша во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева во Министерството за здравство и Агим Нухиу во Министерството за образование, наука и спорт.

Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели. Новите министри во Владата на Ковачевски од АА и СДСМ беа избрани пред полноќ во понеделникот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button