Обвинителството нема да отвори постапка против Мерко

Обвинителството за организиран криминал и корупција ја отфрли иницијативата со која Антикорупциската комисија бараше градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кривично да одговора за финансиски малверзации. Антикорупцсиката комисија поднесе иницијатива за сомнителни јавни набавки, нерационални трошење и набавката на луксузното „Ауди А6“ од 70 илјади евра за службено возило. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал не прецизираа дали одлуката е донесена по изборот на новиот шеф на Обвинителството Абази, но рекоа дека била со понов датум.
Во одговорот испратен до Алста од Одбвинителството за организиран криминал соопштија дека по проучувањето на прибраните докази меѓу кои Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за сметката на основниот буџет на Општина Струга за 2018 година и Известувањето на МВР
– Единица за економски криминал по Наредбата за извршување на проверки по однос на наводите од иницијативата на ДКСК, јавниот обвинител оцени дека градоначалникот со дејствијата што ги презел не ги сторил кривичните дека што му се ставаат на товар и нема место за јавнообвинителската интервенција по однос на доставената иницијатива.