Превозниците и Град Скопје постигнаа договор

Приватните превозници постигнаа договор со Град Скопје и до 20 март ќе се вратат на улиците на главниот град. За кратко време долгот ќе го плати и компанијата за јавен сообраќај. Јовица Зафировски рече дека на денешната средба со претставниците на Градот ги договориле деталите и во петок или понеделник ќе има три повици за сите линии.
По постигнувањето на договорот со Град Скопје, приватните превозници велат дека до сега биле изманипулирани од колегите кои биле застапувачи.
„Досега бевме изманипулирани од другата група, а тоа беше стариот кадар, не лажеа, ни рекоа да не одиме сами да зборуваме, бидејќи ние разговараме, ако одите ќе ви го раскинеме договорот, ни велеа. Бевме изманипулирани од луѓето кои беа до сега, за нас тие заминаа во историја и не постојат. Имаме нов тим, и со барање до Град Скопје веднаш не примија и работата е во ред“, рече Мемет Асани, приватен превозник.
Приватните превозници им се извинуваат на граѓаните што не можат да ги опслужат. Ден претходно од Град Скопје за Алсат рекоа дека наскоро ќе објават нови јавни повици на кои ќе треба да се пријават приватните превозници, додека ЈСП Скопје ќе го плати долгот согласно динамиката утврдена во договорите.
Мефаил Исмаили