ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Фокус“: Пред да добие нов милионски тендер за автопатот кон Блаце, „Гранит“ го продал хотелот на Шапка на фирма за осветлување!

Непосредно пред да го добие вториот милионски тендер за комплетирање на автопатската траса кон Блаце од Јавното претпријатие за државни патишта на чело со директорот Ејуп Рустеми, АД „Гранит“ го продал хотелот на Попова Шапка на фирма со еден вработен што неколку години работи со загуба, која пак била основана од актуелниот претседател на ФК „Шкупи“, пишува „Фокус“.

Advertisements

Инаку, ЈП за државни патишта и „Гранит“ на 16.01.2020 година го склучија првиот договор за изградба на 2 километри од автопатската делница кон Блаце, во вредност од 17 милиони евра. Но, овој договор не се реализираше во предвидениот рок, па според Бирото за јавни набавки, двете страни на 24.01.2023 склучија нов договор за докомплетирање на трасата во вредност од 11 и пол милиони евра.

Притоа, огласот за тендерот е објавен на 21.10.2022 година или само неколку дена откако на 17.10.2022 година во катастарот е запишана промена на сопственоста на хотелот „Гранит“ на Попова Шапка, кој беше опожарен во 2013 година. Според катастарската евиденција, се работи за земјиште од 150 квадратни метри, со објект со внатрешна површина од 278 квадрати, лоциран на катастарска парцела 1/37, во рамки на катастарска општина Лисец-вон град, Тетово.

Уверението за историски преглед на извршените запишувања што го обезбедивме покажува дека оваа парцела се формира во 1999 година, кога впрочем со решение и се доделува на „Гранит“. Во 2013 година, пак, градежната компанија успева да го легализира со елаборат, врз основа на Законот за легализација на бесправно изградени објекти.

Нема промени во сопственоста се до минатата 2022 година, кога имотот преминал во сопственост на компанија „Еуро Ком Лигхтинг“. Во историјатот нема податоци кога точно е склучен договорот и на која сума, но „Фокус“ успеа да го обезбеди овој договорот, кој е склучен на 15.08.2022 година, а потоа солемизиран на 14.10.2022 година, што се случува пред да биде склучен договорот за јавна набавка меѓу „Гранит“ и ЈП за државни патишта.

Всушност, договорот открива дека овој имот за 55 илјади евра го купила „Еуро Ком Лигхтинг“, чија главна дејност е електро расвета. Но, како што велат од таму, компанијата се занимава и со трговија со разновидна стока, консалтинг во делот на микроменаџирање, логистички услуги и посредување при остварување на деловни односи.

„На оглас објавен на дневните весници од страна на АД „Гранит“ за продажба на руинирана и изгорена градба на Попова Шапка, дадовме јавна понуда за купување којашто беше прифатена од „Гранит“. Засега немаме никакви планови…“, велат од компанијата.

Цел текст: ФОКУС

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button